В О В Е Д

МБ МОНИТОР е интернет портал наменет за медиуми со цел да се продлабочи активноста за информирање и едуцирање на јавноста за прашања од областа на пазарот на хартии од вредност. МБ МОНИТОР е конципиран на начин што ќе овозможи брзо и ефикасно превземање на сите релевантни дневни и неделни случувања на пазарот за хартии од вредност.

При изработката на овој производ се водевме од светските трендови за начин на презентирање на податоците кои не само што би биле интересни за економските рубрики на медиумите, туку и би го привлекле вниманието на јавност.

Сите презентирани содржини се изработени во соодветен формат погоден за различните видови медиуми. Со тоа Берзата се потруди и да го олесни начинот на превземање на податоците како и ја остави слободата медиумите сами да ги изберат содржините кои ќе ги пласираат.

Flash banners